Швајцарија ќе биде комплетна за клучниот меч од групата против Костарика откако ФИФА вечерва донесе одлука во постапката против тројцата репрезентативци на оваа земја, Џердан Шаќири, Гранит Џака и Штефан Лихтштајнер. Не станува збор за суспензии, туку само за парична казна што овие фудбалери ќе треба да ја платат за својот непрофесионален однос.
Имено, поради провокациите кон српската репрезентација Џака и Шаќири се казнети со по 10.000 швајцарцски франци, додека Штефан Лихтштајнер ќе плати двојно пониска сума.
Само за потсетување, истрагата беше покрената поради прославата на головите на Швајцарците со имитација на албанскиот симбол – двоглав орел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА