Светската фудбалска организација (ФИФА) планира да направи голема реформа при фудбалските трансфери. Клубовите ќе бидат ограничени во бројот на позајмици што ќе можат да ги прават со фудбалерите, а исто така трансферите ќе мора да бидат и многу потранспарентни, се за да се унапреди финансискиот фер-плеј. Ќе биде регулиран и односот на провизијата што ќе им припаѓа на фудбалските агенти.
За таа цел, органите на ФИФА веќе дискутираат во Лондон, разгледувајќи ја можноста за поголема транспарентност при трансферите.
„Ова е одличен чекор напред кон подобрување на транспарентноста при трансферите. Треба да се разгледаат сите аспекти, да ги слушнеме сите засегнати страни и да изнајдеме најдобро можно решение“, изјави претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.
Овие реформи се очекува да добијат потврда на Конгресот на ФИФА кој ќе се одржи на 26.октомври.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА