Светската фудбалска федерација, ФИФА објави дека во првите 24 часа од отворањето на третата фаза од продажбата на билети за Светското првенство во 2026 година во САД, Канада и Мексико, добила пет милиони барања за билети од повеќе од 200 земји.
Фудбалските фанови од повеќе од 200 земји поднеле пет милиони барања за билети за првото Светско првенство со 48 репрезентации, кое ќе се одржи помеѓу 11 јуни и 19 јули 2026 година во САД, Канада и Мексико, на веб-страницата.
Најголем интерес покажа натпреварот од групната фаза Колумбија-Португалија, кој ќе се игра во Мајами на 27 јуни, по што следуваат натпреварот Бразил-Мароко на 13 јуни во Њујорк, Мексико-Јужна Кореја во Гвадалахара на 18 јуни, Еквадор-Германија во Њујорк на 25 јуни и Шкотска-Бразил во Мајами на 24 јуни.
Според бројот на апликации, најзаинтересирани за купување билети се од земјите домаќини, како и од Колумбија, Англија, Еквадор, Бразил, Аргентина, Шкотска, Германија, Австралија, Франција и Панама.
Оваа трета фаза трае до 17 часот на 13 јануари, по средноевропско време. Времето во кое навивачите ги поднесуваат своите пријави не е важно, бидејќи сите ќе бидат вклучени во извлекувањето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

