ФИФА си „игра мајтап“: Со одлука Катарец да го суди мечот за 3. место покажа непочит кон Хрватска и кон Мароко

Поранешниот судија, Мексиканецот Фелипе Рамос Ризо ја коментираше одлуката ФИФА на мечот за третото место на Мундијалот да го делегира катарскиот судија 35-годишниот Абдулрахман Ал-Јасим.

„Ова е класична работа на ФИФА, како фудбалот да е мајтап. Само со еден досега суден меч на Мундијалот и тоа во првото коло како подарок, Ал-Јасим сега ќе суди натпревар за трето место, а Полјакот Шимон Марчиниак, со само два судени меча, сега ќе суди финале. Зачудувачки. Непочит“ – коментира Рамос Ризо.

И поранешниот шпански судија, денес новинар Хуан Фабрегас со сличен став.

„Тотално некоректно мечот за трето место да го суди Ал-Јасим. ФИФА со тоа сака само да им се заблагодари на организаторите на СП“ – напиша Фабрегас.

 

Се вчитува...