ФИФА смени уште една традиција: Домаќинот Катар нема да го отвори СП 2022

Првите натпревари на светските шампионати вообичаено ги играат домашните селекции, но ФИФА реши да ја урне и оваа традиција, па дел од премиерата на мундијалот на крајот од годинава нема да биде катарската репрезентација.

ФИФА и официјално објави дека прв натпревар на СП 2022 ќе биде дуелот од групата А меѓу Холандија и Сенегал, што на 21 ноември ќе се игра на стадионот „Ал Тумам“ во Доха, во 11 часот по македонско време.

Катарците својот прв мундијалски меч ќе го играат истиот ден, но со почеток од 17 часот, а за ривал ќе ја имаат селекцијата на Еквадор.

Во првиот мундијалски ден ќе бидат одиграни и првите две средби од групата Б, Англија во 14 часот ќе се сретне со Иран, додека за 20 часот на 21 ноември е закажан дуелот меѓу САД и селекцијата од Европа што дополнително ќе стигне до мундијалски билет преку бараж-натпреварувањето (Шкотска, Украина или Велс).

Се вчитува...