Фудбалските федерации на Бразил и Аргентина се казнети од ФИФА поради тепачка на навивачи пред нивниот квалификациски натпревар за Светското првенство.
Дисциплинската комисија на ФИФА го казни Бразил со 50.000 швајцарски франци затоа што „не го обезбеди одржувањето на редот и законот на стадионот Маракана“ во Рио де Жанеиро.
Аргентина е казнета со 20.000 швајцарски франци поради „недостаток на ред и дисциплина на или околу стадионот“. На Аргентина и беше наредено да потроши 50.000 швајцарски франци за програми за образование против дискриминација поради недолично однесување на навивачите на претходните два натпревари од квалификациите за Светското првенство.
Поради тепачка меѓу навивачите на Бразил и Аргентина, натпреварот во ноември доцнеше 27 минути. На тој натпревар Аргентина победи со 1-0. Аргентина е на првото место во квалификациите, а Бразил е дури шестата позиција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

