ФИФА со жестоки казни и за Србија и за Хрватска

Дисциплинската комисија при ФИФА ги одреди санкциите кон националните федерации по септемврискиот циклус од мундијалските квалификации, што значеше и нови казни за Србија и за Хрватска.

Србите се жестоко казнети со дури 80.000 франци, поради дискриминирачкото однесување на нивните навивачи при убедливиот пораз во Белград во Скопје. Меѓу другото, наведено е дека казната се однесува и на исвиркувањето на гостинската химна, непримерни гестови кон англиските фудбалери, како и користење на ласери од трибините. Згора на тоа, Србија следниот домашен меч ќе го игра со 20% помалку навивачи од капацитетот на стадионот, што ќе се игра во Лесковац против селекцијата на Албанија.

Хрватска лесно и убедливо славеше над Црна Гора, но фудбалската федерација на оваа земја сепак ќе плати 41.500 швајцарски франци, од кои 30.000 за дискриминирачко навивање и 11.500 за користење на пиротехнички средства.

Покрај тоа, Хрватите се казнети со затворање на 15% од капацитетот на следниот домашен меч во кој „коцкестите“ ќе го пречекаат Гибралтар.

Се вчитува...