Динамо Загреб се соочува со неочекуван проблем откако светска фудбалска организација (ФИФА) го суспендираше азарбеџанскиот репрезентативец Махир Емрели поради долг кон поранешниот клуб Легија Варшава.
Емрели во 2021 година како слободен играч од Карабак се пресели во Легија, а таму настапи во една од најлошите сезони во историјата на клубот. Катастрофалните резултати резутираа со изразување на бес од страна на навивачите кои го пресретнаа тимскиот автобус, а токму Азарбеџанецот беше една од метите.
По немилиот настан Емрели влезе и во конфликт со управата на клубот кој резултираше со раскин на договорот, a сега ФИФА пресуди во полза на Полјаците кои треба да добијат 100 илјади евра од Азарбеџанецот. Се додека не го подмири долготоЕмрели не смее да настапи во ниедно натпреварување.
A decyzja “finansowa” jest dostępna tutaj: https://t.co/tEW1ARnObG https://t.co/Z3QdxuIBOl pic.twitter.com/8a1rNrGNCL
— Maciej Broda (@KontraktSport) October 6, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА