Светската фудбалска федерација (ФИФА) суспендираше четири репрезентативци на Уругвај поради инцидентот на мечот против Гана во победата од 2-0 во третото коло на Светското првенство во Катар.
ФИФА ги суспендираше Единсон Кавани, Фернандо Муслера, Хозе Марија Хименес и Диего Годин. Муслера и Хименес добија по четири натпревари казна, додека Кавани и Годин ќе мора по еден меч да паузираат од репрезентацијата.
Суспендираните фудбалери мора да работат општествено корисна работа на фудбалски проект и да платат казна од 20.000 швајцарски франци, објави ФИФА.
Уругвајската фудбалска федерација е казнета со 50.000 швајцарски франци. Дисциплинската комисија на ФИФА одлучи дека уругвајската федерација е одговорна за дискриминаторското однесување на навивачите, како и за несоодветното и навредливо однесување на играчите и кршењето на принципите на фер-плеј.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА