ФИФА во големи проблеми: 100.000 фудбалери со тужба за Светската фудбалска федерација

Данската фондација „Правда за играчите“ поднесе колективна кривична тужба во име на 100.000 фудбалери откако пресудата на Европскиот суд на правдата откри сериозни прекршувања на работничките и пазарните права. Во тужбата се вклучени уште пет фудбалски организации.

Фондацијата „Правда за играчите“ бара обештетување во име на фудбалерите кои можеби изгубиле приход или дел од својот приход поради политиките и прописите за трансфери.

Фондацијата издаде соопштение во кое ги повикува сите фудбалери кои играле во Европската Унија или Обединетото Кралство од 2002 година да се приклучат на колективната тужба.

Фондацијата ја гледа основата за покренување постапка во минатогодишната пресуда на Европскиот суд на правдата во случајот со Ласана Диара, поранешен играч на Реал Мадрид. Во таа пресуда беше наведено дека ФИФА со години го крши Законот за пазарна конкуренција на Европската Унија и дека е прекршено и правото на слободно движење на работниците.

Се вчитува...