ФИФА воведува новини – Фудбалерите на сред меч ќе може да покажат „Х“ (ВИДЕО)

ФИФА воведува новини на официјалните натпревари во иднина. Фудбалерите ќе може на самиот натпревар да пријават расистички испад, соопшти ФИФА во рамките на борбата против дискриминацијата.

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино покажа на кој начин фудбалерите ќе може да пријават расистички испад, покажувајќ “Х“ со рацете.

Расизмот би бил посебен прекршок во спортскиот дисциплински кодекс и тоа со строги санкции, вклучувајќи го и губењето натпревар.

Глобалниот став против расизмот е заземен за време на годишниот Конгрес на 211 членки на ФИФА во Бангкок, по неколку месеци консултации со играчите кои доживеале злоставување од страна на противнички играчи или навивачи.

Се вчитува...