ФИФПРО го избра идеалниот тим на годината: Пола тим од Реал Мадрид, а пола од Премиерлигата

Официјалната организација на професионалните фудбалери во светот, ФИФПРО, го избра најдобар тим на годината.

Изборот доаѓа по гласањето во кое учествувачле 28.000 професионални фудбалери од целиот свет, при што е одреден идеалниот тим во кој доминираат играчите на Реал Мадрид.

Вкупно шест фудбалери на Реал Мадрид се избрани во најдобриот тим на годината, вклучувајќи го тука и Килјан Мбапе кој минатата сезона играше за француски ПСЖ.

Меѓу најдобрите од Реал се и Тони Крос, кој се пензионираше по крајот на сезоната, како и Дани Карвахал, Антонио Ридигер, Џуд Белингам и Винисиус Жуниор. Сите останати пет фудбалери во изборот на идеалните 11, се од Премиерлигата.

Четворица од Манчестер Сити, и тоа Едерсон, Родри, Де Брујне и Халанд, како и Вирџил Ван Дајк од Ливерпул.

Се вчитува...