ФИФПРО објави во кои земји е најризично да се потпише договор

Професионалниот синдикат на фудбалери ФИФПРО, предупреди на ризиците за потпишување на договор во седум земји, меѓу кои и една наша соседна земја.

Како што се наведува, поради намерно кршење на договорите, ризични земји се Кина, Турција, Грција, Романија, Алжир, Либија и Саудиска Арабија.

Фудбалскиот сојуз на Кина во април им се закани на клубовите дека ќе бидат исфрлени од лигата доколку до 31. декември не ги исплатат сите заостанати плати, а многу клубови пропаѓаат поради немање пари.

ФИФПРО соопшти дека долгувањата на играчите се проблем во Алжир, Саудиска Арабија, Романија и Турција, додека во Грција се проблем второлигашктие клубови. Многу од тимовите прекинаа со работа поради неплатени долгови. Според истражувањето на синдикатот на грчките фудбалери, во таа земја на играчите им се должат дури 25 милиони евра.

Во второлигашката конкуренција на Грција лани настапуваше Бесарт Ибраими кој беше дел од Ксанти.

Се вчитува...