Фиго директно го посочи виновникот за неуспехот на Португалија, и предизвика силни полемики

Огромно е незадоволството во португалската фудбалска јавност по елиминацијата на репрезентацијата во четвртфиналето на Светското првенство 2022 во Катар.

Огромни тензии владеат меѓу навивачите на Португалија но и меѓу лицата во и околу репрезентацијата, а сите нив дополнително ги загреа легендарниот Луис Фиго.

Фиго одлучи јасно и гласно да каже кого го смета за главен виновник за испаѓањето на Португалија од Мароко…

„Не може да го освоите Светското првенство со Кристијано Роналдо на клупа. Победата против Швајцарија? Одлично! Но, може ли тоа да го правите на секој натпревар? Не. Да го оставите Роналдо на клупа беше грешка. Менаџерот и неговиот стручен штаб се одговорни за овој пораз“ – вели Фиго.

И навивачите на Португалија го сметаат селекторот Фернандо Сантош за главен виновник за елиминацијата на тимот. Сантош, пак, по мечот истакна дека не се кае за тоа што го оставил Роналдо на клупа.

„Не. Не се каам. Повторно би го направил истото. Го уфрливме Роналдо во игра баш токму тогаш кога требаше и кога ни беше најпотребен“ – рече Сантош по мечот со Мароко.

 

Се вчитува...