Поранешниот играч на Реал Мадрид, Луис Фиго смета дека Раул Гонзалес, легендарниот капитен на Мадрид, треба да добие шанса да стане тренер на Кралскиот клуб. По заминувањето на Зинедин Зидан, на клупата кај „кралевите“ има слободно место.
Како можни кандидати во петосниот список се влезени имињата на Антонио Конте, Маурисио Покетино и Раул Гонзалес. Сепак, Фиго верува дека изборот за нов тренер на Реал терба да падне на неговиот поранешен соиграч, Раул.
„Сакам Раул да биде тренер на Реал Мадрид, бидејќи тој е мој пријател и брат, но тоа зависи од клубот. Во иднина, ако не сега, тој сигурно ќе може и ќе има можност да го тренира тимот од неговиот живот. Многу е важно следниот тренер да биде некој како Зидан, да може да се идентификува со клубот и да ги познава апетитите на тимот од Мадрид“, јасен е Фиго.
Раул (43) ја започна својата тренерска кариера во помладите селекции на Реал во 2018 година. Засега тој нема искуство во водење на сениорски тимови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА