Фиго за елиминацијата на Италија: Мајко мила…, да изгубите дома од Македонија е застрашувачки!

Португалскиот фудбалер и легендарен играч на Барселона и Реал Мадрид, Луис Фиго, ги прокоментира мундијалските баражи во кои Македонија направи светска сензација елиминирајќи го европскиот првак Италија од вториот Мундијал по ред за „аѕурите“ на кој нема да играат.

Португалецот се уште е во неверување дека една од светските фудбалски велесили како Италија нема да игра на Светско првенство и дека 12 години најголемиот светски настан ќе биде без втората најтрофејна нација, четирикратниот првак.

Италија последен пат играше на СП во 2014 година во Бразил, а ги пропушти СП во Русија во 2018 и сега СП во Катар на крајот на годинава, па дури во 2026 година ќе има шанса да игра, што значи 12 години без „аѕурите“ на најголемата светска смотра.

„Да загубите од Македонија на домашен терен е нешто застрашувачко. Цели 12 години без Италија на Светско првенство, мајко мила … За среќа ние се соочивме со Балканците и ете не на СП во група со Уругвај, Гана и Јужна Кореја. Случајно и Португалија да загубеше од Македонија, прво ќе леташе „главата“ на селекторот Фернандо Сантош“, прокоментира Фиго.

Фиго беше стрелец на гол во првиот меч од трите на Португалија и Македонија, во 2003 година на пријателски меч во Лозана (Швајцарија), кога загубивме со 0-1.

Се вчитува...