Фудбалерот на Манчестер сити и Шпанија, Родри ја освои „Златната топка“, но манифестацијата помина во втор план откако поради тоа што Винициус не ја доби наградата целиот тим на Реал Мадрид ја бојкотираше гала-вечерта.
Реал Мадрид беше револтиран од оваа одлука и одлучи на церемонијата да не присуствуваат претставници на клубот. Сепак, на настанот се појавија и многу други познати фудбалери, меѓу кои и Луис Фиго, кој ден подоцна даде и своја изјава.
„Златната топка беше престижна награда. До вчера“, изјави легендарниот Португалец.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

