Фијаско: Баер прими пет гола од младинци на дебито на Тен Хаг

Ерик тен Хаг како да немаше доволно кошмари од времето минато во Манчестер јунајтед, но никој не очекуваше дека холандскиот стручњак ќе ја стартува авантурата во Баер Леверкузен со ново фијаско.

Впрочем, токму затоа за прв противник беше избран младинскиот тим на Фламенго, но овие бразилски момчиња ги посрамотија Тен Хаг и неговите избраници, декласирајќи ги со 5-1 на пријателскиот меч што се одигра вечерва.

Холандскиот стратег експериментираше со составот, но никој не очекуваше ваков дебакл, што дефинитивно ќе ја наруши атмосферата во пресрет на новата сезона. Баер навистина летово остана без врвни играчи како Вирц, Фримпонг и Тах, но се чини дека најголем проблем ќе биде заминувањето на Чаби Алонсо, ако се знае дека на негово место пристигна Тен Хаг.

Се вчитува...