Фијаско: Фенер елиминиран од фудбалер што Мурињо го бараше цело лето

Жозе Мурињо и во втората сезона како тренер на Фенербахче не успеа да го одведе турскиот гигант до место во Лигата на Шампионите откако вечерва загуби со минимални 1-0 на гостувањето против Бенфика. За неговите фрустрации да бидат уште поголеми, единствениот гол беше дело на Актуркоглу, турскиот репрезентативец кого Мурињо два месеца го бараше во Фенербахче, управата не успеа да го доведе екс-фудбалерот на Галатасарај кај „специјалниот“, а токму тој со гол во првото полувреме го елиминираше турскиот тим од елитното европско натпреварување.

Талиска заработи црвен картон поради два жолти картони за помалку од пет минути, а проблем плус за Мурињо е повредата што во самиот финиш ја заработи најголемото летно засилување, колумбискиот напаѓач Јон Дуран.

Бриж во голем стил го визираше новиот пласман во ЛШ откако белгискиот вицепрвак вечерва го демолираше тимот на Глазгов Ренџерс со 6-0. Белгијците имаа предност и од првиот меч, но вечерва на домашен терен одиграа уште поквалитетно, иако мора да се истакне дека шкотскиот состав уште во 8. минута остана со фудбалер помалку по исклучувањето на Аронс (при резултат 1-0).

Сејс постигна два гола за Бриж во убедливата победа, а по еднаш прецизни беа Тресолди, Станковиќ, Фанакен и Цолис.

Последниот билет за сезоната 2025/25 во Лигата на Шампионите замина кај ФЦ Копенахен откако данскиот состав славеше на реваншот против Базел со 2-0, по ремито од 1-1 на првиот дуел во Швајцарија. Корнелиус и Мукоко (од пенал) беа стрелци на головите за данскиот тим на овој натпревар.

Се вчитува...