Фијаско: Хрватска за првпат во историјата не се пласираше на Евробаскет

Хрватска испиша негативна кошаркарска историја откако за првпат по осамостојувањето на оваа држава се сличи кошаркарската селекција на „коцкестите“ да не обезбеди учество на еден европски шампионат. Хрватите се најдоа во група со Кипар кој како домаќин има автоматски пласман, па против Франција и БиХ се бореа за преостанатите два билета за Евробаскет 2025.

По слабите игри во досегашниот дел од квалификациите, Хрватите мораа да слават на денешниот домашен меч со Франција, или да се „крстат“ во услуга од слабите Кипрани против селекцијата на БиХ. Не се случи ниту едното ниту другото, Франција славеше како гостин со 80-83, Босанците беа подобри од Кипар со 106-82, па шокираните Хрвати за првпат во својата кошаркарска историја останаа со празни раце, и тоа во период во кој е зголемен бројот на селекции учесници на континенталните собири.

Првото полувреме мина во израмнета борба во која Франција имаше минимални 35-37, но „триколорите“ се одлепија во третиот период. Домаќините се обидоа да се вратат, дојдоа на „минус четири“ на помалку од минута до крајот, но не успеаја да влезат во неизвесна завршница и дури во последните секунди дојдоа до конечните „минус три“.

Марио Хезоња беше извонреден со 37 поени и 13 скокови, но и тоа не беше доволно за Хрватите да стигнат до посакуваниот резултат. Шаманиќ постигна 13 поени, двоцифрен беше само уште Капуста со 10, додека најефикасни кај Франција беа Окобо со 16 и Нуа со 12 поени.

Се вчитува...