Арсенал беше шокиран во првиот меч од нокаут фазата од Лигата на Европа откако „топчиите“ загубија со 1-0 на гостувањето во Белорусија од екипата на БАТЕ Борисов. Тимот на Унаи Емери беше подобар противник во првото полувреме, но беше казнет за промашените шанси во 45. минута, кога Филипенко со прецизен удар со глава го матираше Петр Чех. „Топчиите“ потоа не искористија неколку шанси и во вториот дел, а задачата на реваншот ќе им биде уште потешка ако се знае деа ќе бидат без помошта на Лаказет, кој доби црвен картон во завршницата од денешниот натпревар.
Севилја на гостински терен го совлада Лацио со 0-1 со голот на Бен Једер, максимално користејќи ги проблемите со повредени играчи што ги има римскиот клуб. Симоне Инзаги не можеше да смета на Имобиле и на Милинковиќ Савиќ, веќе во првото полувреме се повредија и Алберто и Пароло, а без помошта на овие клучни играчи поразот на „лацијалите“ беше неизбежен.
Интер направи голем чекор напред кон осминафиналето откако вечерва славеше на гостувањето во Виена против Рапид со 0-1. Икарди воопшто не беше во тимот за оваа средба, а победничкиот погодок го постигна Лаутаро Мартинез од пенал.
Резултати Лига Европа:
БАТЕ Борисов – Арсенал 1-0, Галатасарај – Бенфика 1-2, Лацио – Севилја 0-1, Краснодар – Баер Л. 0-0, Олимпијакос – Динамо Киев 2-2, Рен – Бетис 3-3, Рапид – Интер 0-1, Славија П. – Генк 0-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА