Фијаско на Челси, Манчестер Сити се врати на врвот

Ливерпул мина само неколку часа на чело на табелата, откако Манчестер Сити рутински славеше на гостувањето против Барнли, за враќање на првото место со еден бод предност во однос на „црвените“. Пеп Гвардиола повторно се реши за формација со „лажна деветка“, а отпорот на домачините беше скршен уште во првото полувреме. На самиот старт Стерлинг асистираше до Де Бруине за првиот гол на Сити, пред истиот фудбалер да асистира и при вториот погодок, дело на Гундоган.

Челси беше непријатно изненаден на домашен терен, губејќи со 1-3 од Брентфорд. Рудигер погоди за водство на Челси на самиот почеток од вториот дел, по што „сините“ неочекувано застанаа, губејќи ја сигурноста во одбраната и примајќи три гола (два даде Јанелт, а еден Кристијан Ериксен).

Колапсот беше комплетиран во 88. минута, кога одбраната повторно заспа, а Виса налета на една одбиена топка и ја смести во мрежата на „сините“.

Резултати Англија:

Барнли – Манчестер Сити 0-2, Челси – Брентфорд 1-4, Брајтон – Норвич 0-0, Лидс – Саутемптон 1-1, Вулверхемптон – Астон Вила 2-1.

Се вчитува...