Мизерната сезона на Себастијан Фетел се претвори во нов дебакл во денешните квалификации за трката за ГН на Германија, што поранешниот светски првак утре ќе ја стартува од последното место. Возачот на Ферари воопшто не се појави на патеката попладнево, откако механичарите не успеаја да ги отстранат проблемите со болидот, па Фетел бесен замина кон „боксот“.
За проблемите на Ферари најдобро говори фактот дека и вториот возач на овој тим, Леклер, поради проблеми со болидот воопшто не се појави на патеката во третите квалификации, па утре ќе стартува од десеттото место.
До нова пол-позиција стигна Луис Хамилтон, кој уште еднаш оствари најдобро време во едни официјални квалификации. Актуелниот светски првак извозе одлично и заслужено ќе стартува како првопласиран на утрешната трка, пред Ферстапен во болидот на Ред Бул. На третата позиција утрешната трка ќе ја стартува вториот возач на Мерцедес, Валтери Ботас, пред Гасли и Раиконен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА