Фијаско на Конте на дебито на клупата на Наполи

Антонио Конте нема по добро да го памети својот прв калчолигашки меч на клупата на Наполи откако претрпе пораз на гостувањето против Верона од 3-0. Јасно беше дека „наполитанците“ ќе се мачат на стартот од сезонава поради проблемите во преодниот рок и недоаѓањето на нов врвен голгетер додека Осимен е надвор од тимот, а Конте очигледно е далеку од решение за овие проблеми.

За главоболките да бидат уште поголеми, Кварацкелија се повреди на дуелот со Верона и мораше да биде заменет, а Наполи без својот најдобар играч е мачеше да го загрози противничкиот гол. Верона на спротивната страна знаеше како да ги искористи своите шанси, поведувајќи преку Ливраменто со 1-0.

Ансигуа ја погоди гредата со удар од дваесетина метри во најубавата шанса на Наполи во вториот дел, а Верона до крајот успеа да постигне уште еден гол, откако Москера ја казни заспаноста на одбраната на гостите и ја смести топката во мрежата за 2-0. Гостите од Неапол капитулираа и се предадоа во финишот, а Верона го искористи тоа за да постигне и трет гол, втор за „резервистот“ Москера кој цел живот ќе го памети својот прв меч во дресот на „веронезите“.

Во вториот натпревар што почна од 18.30 часот Болоња и Удинезе ремизираа 1-1. Орсолини од пенал ја доведе Болоња во водство во 57. минута, а „фриулијаните“ израмнија единаесет минути подоцна преку Џанети, откако Скорупски го одбрани пеналот на Тован.

Се вчитува...