„Фијаско“ на Лацио, Комо со убедлив триумф од Олимпико (ВИДЕО)

Комо оствари голема победа во 21. коло во Серија А, откако вечерва славеше на гостувањето во Рим кај Лацио со убедливи 0-3. „Лацијалите“ немаа решение за расположениот состав на Цеск Фабрегас, кој сезонава најавува борба за некој од европските натпреварувања.

Батурина уште во втората минута му донесе предност на гостинскиот тим. По одлична акција и двоен пас, Батурина со помош на стативата погоди и донесе водство. Во 24. минута почнува „шоуто“ на Нико Паз кој од одбиена топка успеа да погоди во мрежата на Лацио. 

Паз имаше шанса од пенал во 35. минута, меѓутоа Проведел успеа да му го одбрани неговиот удар. Но, Аргентинецот на стартот од вториот дел успеа да го совлада чуварот на мрежата на домашниот тим по една одлична акција. 

Лацио одигра блед натпревар, а првиот удар во вториот дел го имаше дури во 89. минута што покажува какви беа силите на овој меч.

Се вчитува...