Фијаското на „Големите 12“ заврши со загуба од 110 милиони евра за два дена

Фудбалскиот свет беше на чекор до револуција со формирањето на Суперлигата, но надежите за „борба на најдобрите“ траеа само два дена, а Барселона, Реал Мадрид, Атлетико Мадрид, Челзи, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Ливерпул, Арсенал, Тотенхен, Интер, Милан и Јувентус, „излетот“ ги чинеше вкупно 110 милиони евра, пренесува ‘Дејли Мејл’.

Имено, секој од овие клубови на сметката на Суперлигата уплатил по 8 милиони фунти, односно нешто повеќе од 9 милиони фунти како акции за оформување на супер-натпреварувањето. Засега е непознато колку од оваа сума е веќе искористена и дали истата ќе им биде вратена на клубовите, но изгледа дека великаните ќе мораат да се задоволат со ваква „минимална“ загуба со оглед на тоа што во клаузулата на договорите има дополнителни мерки при напуштање на истата.

Дел од медиумите шпекулираа и за тужби меѓу самите клубови, од Реал Мадрид, Јувентус и Барселона до англиските „одметници“, па ќе биде интересно да се види дали оваа најава ќе се оствари.

Се вчитува...