Фил Џонс нема да оди во Бордо, трансферот и дефинитивно пропадна!

Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Фил Џонс во последниот ден од зимскиот трансфер период се предомислил и не сака да му се приклучи на Бордо на позајмица до крајот на сезоната. Ова значи дека тој и понатаму ќе му остане на располагање на Ралф Рангник.

Претходно, клубовите веќе се договорија за соработката, но 29-годишниот Англичанец на крајот одбил да ја продолжи кариерата во францускиот клуб.

Фил Џонс е под договор со Манчестер Јунајтед до јуни 2023 година и по се изгледа ќе остане да ја грее клупата на „Олд Трафорд“.

Се вчитува...