Фудбалерот на Манчестер сити, Фил Фоден е прогласен за најдобар играч во Премиерлигата во тековната сезона. Англискиот репрезентативец е петти по ред од „граѓаните“ што ја добива оваа награда, а „факелот“ го наследи од Ерлинг Халанд.
Фил Фоден имаше сезона на кариерата. Тој во текот на целата година беше фактор на стабилност во нападот на Сити, каде полека ја презема палката на тимот од Кевин де Брујне, а на 34 одиграни натпревари постигна 17 гола, со осум асистенции.
Ова е негова прва титула за најдобар играч на Премиер-лигата во кариерата, а интересно е што само четворица играчи во историјата во два наврати ја освоиле оваа награда.
Тоа се: Тиери Анри (Арсенал), Кристијано Роналдо (Манчестер Јунајтед), Кевин де Брујен (Манчестер Сити) и Немања Видиќ (Манчестер Јунајтед).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА