Фил Фоден станува најплатениот Англичанец во историјата

Фудбалерот на Манчестер Сити, Фил Фоден се наметна како еден од најдобрите на денешницата. Зад Англичанецот е нов фантастична сезона во која ја освои наградата за најдобар фудбалер на Премиерлигата, а тоа наскоро ќе му донесе и далеку побогат договор, пренесуваат англиските медиуми.

За Фоден постои интерес од повеќе европски великани меѓу кои е и Реал Мадрид па Манчестер Сити ќе направи се во своите можности да му ги задоволи потребите за останување на „Етихад“.

Тоа значи речиси удвојување на платата која сега изнесува 230 илјади евра на 440 илјади евра со што би бил најплатениот англиски фудбалер во историјата.

Се вчитува...