Филаделфија без две ѕвезди на стартот на сезоната

Фановите на Филаделфија се надеваат на подобри денови за нивниот клуб откако на Џоел Ембид му се приклучи и Пол Џорд, но на стартот на сезоната ќе биде интересно да видиме како ќе изгледа овој тим без двете најголеми ѕвезди.

Ембид и Џорџ се повредени и нема да бидат дел од отварањето на сезоната и натпреварот против Милвоки Бакс, пренесуваат американските медиуми.

Рехабилитацијата на Ембид се одвива во добар правец, тој веќе и тренираше со тимот оваа седмица, но се уште не е целосно подготвен за камбек на официјален натпревар, исто како и Џорџ кој не доби „зелено светло“ за настап од страна на медицинскиот тим.

Се вчитува...