Кошаркарите на Филаделфија на домашен терен славеа против Вашингтон возард со 118-113. Гостите овој натпревар го играа без својот најдобар играч, Џон Вал, што беше забележливо и во нивната игра.Филаделфија добро го отвори натпреварот и по првата четвртина имаше 10 поени предност (28-18). Во вториот дел, домаќините продолжија со сигурната игра и ја зголемија преднсота на 58-40. Во исто темпо, сиксерси продолжија и после одморот и се чинеше дека Филаделфија ќе дојде лесно до победата. Но, визардси се разбудија во последната четвртина и ја стопија предноста на домаќините. Пред крајот на мечот негативата на Вашингтон се стопи само на три поени, но сепак гостинскиот тим во финишот не успеа да направи комплетен пресврт и останаа поразени во овој дуел.Бен Симонс ја имаше главната улога во составот на Филаделфија со 31 поен, 18 скока и четири асистенции. Во гостинскиот тим забележителна партија одигра Кели Обри запишувајќи 22 поени.Хјустон рокетс славеа против Индијана со 118-97 и ја запишаа шестата победа во серија. Во победничката серија, Хјустон ги доби последните шест натпревари со 21 чпоен разлика во просек. Во исклучителните настапи овој месец, рокетси имаат вкупно 12 победи и само еден пораз.Резултати:Филаделфија – Вашингтон 118-113Њујорк – Мајами 115-86Торонто – Шарлот 126-113Хјустон – Индијана 118-97
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА