Кошаркарите на Филаделфија 76 дојдоа до водство од 1-0 во четвртфиналната серија против Бруклин Нетс во плеј-офот од годинашното издание во НБА лигата откако на домашен терен вечерва славеа со убедливи 121-101.
Домаќините уште во првото полувреме ја покажаа разликата во квалитет, па веќе на пауза имаа предност од девет поени 67-58. Во второто полувреме разликата само се зголемуваше за конечни 121-101.
Ембид со 26 поени беше прво име кај победникот, додека кај поразените недовлни беа 30 поени на Бриџис.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

