На 20 натпревари пред крајот на регуларниот дел од сезоната, Филаделфија 76 решија да го завршат проектот наречен Пол Џорџ.
Доаѓањето на повеќекратниот Ол-стар беше целосен неуспех, па веќе ова лето Сиксерси ќе се обидат да го трејдуваат. Џорџ е далеку од своите златни денови, иако и повредите на препоните и коленото имаа значително влијание врз неговите настапи оваа сезона.
Сепак, факт е дека работите во Фили не функционираат добро во последно време и тој и неговиот договор од 212 милиони долари ќе мора да си заминат.
Џорџ ја има статистички најлошата сезона во кариерата со бројки кои ги нема забележано од 2013 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА