Филип Алексовски со гол против братот Игор на голот на Работнички, за триумф на „лавовите“ (ВИДЕО)

Македонија ЃП дојде до нови три бода во пролетниот дел од шампионатот триумфирајќи со 2-1 против Работнички во првиот натпревар од 25. коло во Првата македонска фудбалска лига.

На полувремето се отиде без предност (1-1) за двете екипи по головите во само две минути.

Но, веќе во 26. минута Атхе Мазари постигна маестрален гол со извонреден шут од 25 метри, за сосема заслужено израмнување на резултатот за Работнички.

Меѓутоа, во второто полувреме, кога се чинеше дека дуелот ќе заврши без победник, „џокерот“ на Горан Симов, резервистот Филип Алексовски погоди од непосредна близина, совладувајќи го својот брат Игор Алексовски на голот на Работнички, за конечни 2-1.


ПМФЛ – 25. КОЛО (денеска, 15 ч.)
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – РАБОТНИЧКИ 2-1

Личина 24′, Ф. Алексовски 74′ – Мазари 26′

УТРЕ (15 ч.)
Штип: БРЕГАЛНИЦА -ТИКВЕШ
Скопје: ШКУПИ – СКОПЈЕ
Струга: СТРУГА ТЛ – АК. ПАНДЕВ
Тетово: ШКЕНДИЈА – ПОБЕДА

Се вчитува...