Поранешниот младински репрезентативец Филип Антовски, од идната сезона ќе игра во чешката прва лига, откако со неговиот тим Карвина успеа да заврши како првопласиран на табелата во втората по ранг лига на оваа земја, и така обезбедувајќи го прволигашкиот статус.
Антовски е дел од Карвина од февруари оваа година кога од Австрија Виена се пресели во оваа екипа. Во минатото настапуваше за Истра, Славија Софија, за вториот тим на Динамо и за Вардар.
Од почетокот на годината до крајот на сезона левиот бек одигра 10 меча за чешкиот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА