Филип Антовски потпиша за чешка Карвина (ФОТО)

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Филип Антовски својата кариера ја продолжува во чешкиот второлигаш Карвина.

22-годишниот Антовски се одлучи да ја прифати понудата на Карвина, и да го прекине договорот со Австрија Виена.

„Драго ни е што успеавме да донесе одличено технички подготвен фудбалер кој е млад и пред кого е успешна кариера. Задоволство ни е што најдовме заеднички јазик со Австрија Виена и трансферот е успешен“ – истакна на денешната промоција на Антовски, спортскиот директор на Карвина, Љубомир Влк.

Антовски кој е поранешен фудбалер на Вардар, низ интернационалната кариера досега беше дел и од Динамо Загреб и Славија Софија, а изминатава полусезона ја мина на позајмица во хрватска Истра, од каде се врати во Австрија Виена а сега продолжува во Карвина.

„Задоволство ми е што сум тука. Благодарам на сите за топлото добредојде, со нетрпени го чекам моето деби за клубот“ – истакна Антовски на денешната промоција во новиот дрес.

Се вчитува...