Пред стартот на вториот дел од сезоната, Пелистер и официјално го потврди враќањето на Филип Бошковски во своите редови.
24-годишниот десен бек по три години се враќа во клубот, откако Пелистер го напушти во 2022 година кога се пресели во Работнички.
„Подготвен сум за нови предизвици во мојот омилен дрес, здрав сум, и желен да се докажам во мојот клуб“ – истакна Бошковски по потписот за Пелистер, каде се враќа откако претходно го носеше дресот на Самтредиа во Грузија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

