Филип Деспотовски: На ЕП ќе бидеме во топ форма

Од Работнички преку Романија, кратко во Русија, и повторно во романскиот шампионат. Интернационалната кариера на Филип Деспотовки му е еден од атрибутите пред настапот на одбојкарската репрезентација на Европското првенство во Словнија во септември.

„Тоа што имаме долгогодишна кариера во странство може да помогне да го надминеме стравот и неизвесноста со која се соочуваме. Првенството ни е новитет. Знаеме што не очекува, но суштински и не знаеме. Имаме противници од светска класа. Нашето искуство на интернационална сцена да помогне да ги надминеме тремата и стравот“ – вели Деспотовски во средина од подготовките на националниот тим во Маврово.

Разноликоста на противниците во групата во Љубљана остава протстор да правиме калкулации и ни дава шанса да се надеваме и на поволни исходи.

„Најздодевниот дел од цело Европско првенство е оваа фаза во која сме сега, работиме многу, но квалитетно, физички ќе бидеме подготвени, на ЕП физичката подготвеност ќе биде на највисоко ниво. Со Русија немаме шанси, со Словенија сме играле претходно и некогаш сме имале и добри резултати.  Со другите можеме да играме. Но, во овој момент е тешко да се каже што може да се очекува, во оваа фаза е тешко да се предвидува. Но, против Белорусија, Турција и против Финска можеме да играме и добрите резултати нема да бидат изненадување“ – вели ветеранот во националниот тим.

Се вчитува...