Македонската одбојкарска репрезентација во Запорожје го очекува претпоследниот натпревар од квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство во септември годинава. Против Украина, лидерот на нашата конкуренција и фаворит во пресрет на дуелот, македонскиот тим ќе се обиде за извлече најповолен исход кој би му ја олеснил ситуацијата во очекување на завршната пресметка против Унгарија која пак ќе биде клучна за пласманот на континеталниот осбир.
„Украина е посилен противник од нас, но ова е одбојка, топка е во прашање, ние знаеме да играме, подготвени сме и не треба да не изнеади позитивен резултат. Веруваме и ќе одиме во Запорожје по позитивен резултат, без разлика колку на хартија да се поквалитетни од нас. Грч секогаш постои, без него не може да се игра и тоа е секогаш така, особено кога влогот е голем. Сепак, мислам дека ќе го пребродиме тоа со добар натпревар во Украина“ – вели Филип Деспотовски.
За разлика од септемврискиот термин за квалификациите, Александар Милков кој тогаш имаше проблеми со повреда, на овие дуели ќе добие поголема минутажа.
„Украина е фаворит, првопласирана е во нашата група, но мислам дека имаме голема шанса, а во Скопје покажавме дека можеме да играме со нив. За мене можам да кажам дека тогаш имам хендикеп со повреда со коленото, но сега сум во подобра форма, а тоа важи за целата екипа и затоа мислам дека можеме да направиме изненадување“ – смета Милков.
Македонската репрезентација со биланс 2-2 влегува во завршницата од евроквалфикацискиот циклс. Поразите се од дуелите со следните два противника, победите од пресметките со Швајцарија. Последниот натпревар, против Унгарија во Скопје е закажан за 9. јануари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА