По само едно коло се случи и првата тренерска смена во Втората лига. Поранешниот репрезентативец и екс член на Цементарница, Вардар и Тетекс, Филип Деспотовски се ваќа во клубот на Тетекс, овој пат во улога на шеф на стручниот штаб.
Деспотовски веќе го одржа првиот тренинг со екипата, а во сабота ќе дебитира против тимот на Осогово. Во последните години Деспотовски работеше како тренер во младинските категории на Вардар, а работеше и со Ѓоко Хаџиевски во Најран, Хата, Хаџер и Емирејтс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА