Македонската одбојкарска репрезентација денеска го игра првиот (тренинг натпревар) од двта предвидени дуели со селекцијата на Австрија со кои ќе го заокружи циклусот контролни средби во пресрет на настапот на Европското првнество во Љубљана. За утре е закажана официјалната контрола со Австријците.
Одбојкарите преку Австрија директно ќе одат за Словенија каде ќе го очекуваат стартот и дебито меѓу контиенталната елиата. Подготвките се завршени. Остануваат само финалните корекции на она што како слабост го покажаа одиграните натпевари.
„Повредите што се појавија се од спортски карактер и тоа е сосема нормално во вакви ситуации, проблемите со салите беа во наша корист, малку да одмориме, два-три дена бидејќи пренапорно беше во Маврово и тие пропуптени тренизи не прават суштинска разлика. Сега сме подготвени, добро е што тргнавме неколку дена порано, затоа што нашите глави почетокот на Европското првенство е веќе утре“ – вели Филип Деспотовски.
Во групата фаза на Европското првенство, сите пет натпревари треба да бидат одиграно за помалку од една седмица.
„Системот е тежок, пет натпревари во шест дена, но распоредот е на наша страна, одморени доаѓаме на првите две средби и д ќе бидеме одморни во натпреварите кои одлучаат, ќе видиме како ќе биде со Словенија, ке играме на „крв и нож“ ако треба, но би требало претхдно да ги имаме решено работите“ – порачува еден од најискусните во нашиот репрзентативен табор.
Македонската репрезентација по дводенвиот орестој во Австрија, оди во Марибор, а од таму за Љубљана и го очекува првот дуел, против Финска на 12. септември.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА