Холандскиот стратег Филип Коку не ја криеше радост по победата на Фенербахче на гостински терен против Коњаспор од 0-1 во 5. коло од шампионатот на Турција.
По претходните три едноподруго порази Фенер конечно дојде до три бода и тоа благодарение на својата најголема млада ѕвезда, 18-годишниот македонски репрезентативец Елиф Елмас.

Елмас влезе во игра во 61. минута и веќе во 67. минута постигна убав погодок кој се покажа доволен на крајот за триумф на Фенербахче.
„Дојдовме до значајна победа по еден психолошки тежок период за нас. Ете голот за триумф ни го донесе Елиф Елмас во кого навистина имам огромна доверба и токму затоа е дел од нашиот најдобар тим иако има само 18 години. Сум кажал и претходно, па ќе повторам дека Елмас е ѕвезда која мора да ја негуваме. Овој погодок сигурен сум дека многу ќе значи и за него и за натамошниот негов фудбалски развој во клубот. Сигурно од него најдобрите партии се уште ги очекуваме во иднина“ – истакна Коку по денешниот натпревар.
А, Елиф Елмас беше вистински херој и меѓу своите соиграчи на крајот од мечот. Сосема очекувано сите честитки и од соиграчите и од навивачите на Фенербахче беа упатени кон него… Ниту пак тој самиот можеше да ја сокрие радоста од постигнатиот прв свој гол на официјален натпревар за Фенербахче!
Mutluluğun hep olsun Elmas gibi çocuk! pic.twitter.com/CyztVtm8JN
— ✪ Fener Medya ✪ (@FnrMedya) September 16, 2018
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

