Јувентус го доби дербито на 27. коло во италијанското првенство откако славеше на гостувањето кај Интер со 0-1 благодарение на голот на Филип Костиќ во 23. минута. Србинот ја затресе мрежата на асистенција на Рабио.
Со тритте бода од Милано, Јувентус се врати во трката за место кое води во европските натпреварувања следната сезона. Сега „старата дама“ има 41 бод, четири помалку од Аталанта која е на шестата позиција на табелата. Интер останува на третата позиција на табелата со 50 освоени бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА