Филип Костиќ пред потпис со Галатасарај

Фудбалерот на Јувентус и на српската репрезентација Филип Костиќ не успева да ја пронајде вистинската понуда за себе. Иако „старата дама“ веќе му соопшти дека не е дел од плановите на актуелниот стратег, Тиаго Мота, се чини дека тоа не му отежнува на српскиот играч внимателно да избере клуб за својата иднина.

Засега се зборува дека Костиќ одбил понуда од Ал-Аин од Саудиска Арабија, а Тутоспорт денеска објави дека Костиќ му се заблагодарил на Дејан Станковиќ кој од клупата го води Спартак од Москва.

Негова следна дестинација најверојатно ќе биде турскиот шампион, Галатасарај. Како што пренесуваат медиумите од Апенините, Турците нудат едногодишна позајмица со задолжителен откуп во вредност од четири милиони евра, додека „старата дама“ одбива да се откаже од каква таква добивка, и бара двојно повеќе.

Се вчитува...