Филип Кузмановски „бомбардираше“ во македонскиот дуел во Бундеслигата

Македонскиот дуел од 25. коло во германската Бундеслига им припадна на Филип Кузмановски и Хановер кои славеа со 32-23 над Штутгарт на Жарко Пршевски. Добрата игра на домашниот состав донесе висока предност уште во првото полувреме (18-9) која беше задржана до самиот крај на мечот.

„Бомбардерот“ Кузмановски беше прв стрелец на натпреварот кој го заврши со 9 гола од 12 обиди, додека Пешевски постигна еден гол од два обида.

Со овој триумф Хановер стави крај на серијата од четири порази едно по друго и сега се наоѓа на 14. позиција на табелата, интересно пред Штутгарт кој со скор од пет победи, две реми средби и 17 порази го завзема 15. место.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...