Филип Кузмановски го има третиот најубав гол во ЛШ (ВИДЕО)

Играчот на Е.Пелистер Филип Кузмановски, го има третиот најубав гол на колото во Лигата на шампионите. Македонскиот репрезентативец при предност од 3-5 за битолскиот тим на истекот на 14. минута, успеа да постигне убав гол.

Кузмановски од место од девет метри успеа да даде гол, и така да го зголеми резултатот, а тој гол се најде меѓу најдобрите во ЛШ. Сепак, на крајот битолскиот тим го загуби овој натпревар со 27-23.

Се вчитува...