Филип Кузмановски: „И македонското срце ќе се прашува на ова Европско првенство!“ (ВИДЕО)

Филип Кузмановски и Никола Митревски, гостувајќи во најновната епизода на спортскиот подкаст „ПРЕСИНГ“ на ЕКИПА.МК, сосема очекувано се осврнаа и на престојното Европско првенство 2026 кое за Македонија стартува утре со дуелот против Данска од 20:30 часот во Хернинг.

Капитенот Филип Кузмановски верува дека македонското срце може да не понесе и на овој шампионат до позитивни резултати.

„Нашата група е многу тешка. Свесни сме со какви противници треба да играме. Може да кажам дека Данска и Португалија изминатите години атакуваат секогаш на медал на големите натпреварувања. Данска го потврдува тоа на секое првенство, а Португалија во последните години многу напредува. Но, нашата подсвест, нашето македонско срце, секогаш верува во поволен резултат и во победа на секој меч. Никогаш не одиме со бело знаме на ниту едно првенството, тоа го покажуваме овие последни години како Македонија напредува на секое првенство“ – вели Кузмановски во „ПРЕСИНГ“ и дополнува:

„Не треба тука да ја потценуваме ниту Романија. На секој натпревар ние ќе одиме да играме максимално. Нема уште на почеток да се предадеме. Свесни сме дека Данска и Португалија се многу подобри од нас, но со добра анализа и со тимска игра мислам дека можеме да покажеме пак добра игра и да се надеваме на позитивен резултат“.

ЦЕЛИОТ ПОДКАСТ „ПРЕСИНГ“ СО НИКОЛА МИТРЕВСКИ И ФИЛИП КУЗМАНОВСКИ МОЖЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА…

Се вчитува...