Македонските ракометари низ максимално позитивна атмосфера го очекуваат настапот на новото Светско првенство, на кое главна цел ќе биде пласман во втората рунда.
Капитенот Филип Кузмановски вели дека сите се подготвени да покажат како се игра за Македонија.
„Огромна благодарност до Македонски Телеком за поддршката во сите овие години. Сите знаеме колку беше тешко да се минат Фарските Острови во оној бараж, особено по оној прв пораз, но навистина верувавме, македонскиот инает и македонското срце проработи кога беше најважно. Така треба да изгледа таа Македонија, ветувам дека така ќе изгледа и во иднина, со млади момци и ние неколкумина поискусни“ – вели Кузмановски, притоа дополнувајќи:
„Имаме тешка група, добро ги анализираме противниците, максимално се подготвуваме за секој дел и верувам дека максимално подготвени ќе го дочекаме стартот. Сакаме да покажеме како се игра за Македонија, бодрени од нашите верни навивачи кои секогаш доаѓаат да ни дадат поддршка, верувам дека на крај сите заедно ќе имаме причина за настап“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА