Филип Кузмановски во „ПРЕСИНГ“: „Најголемо богатство е што сум повторно во Битола, во мојот Пелистер… Среќен сум што Македонија живее за ракометот!“

Филип Кузмановски и Никола Митревски, пред заминувањето на престојното Европско првенство 2026, беа гости во најновата епизода на спортскиот подкаст „ПРЕСИНГ“ на ЕКИПА.МК отворено изнесувајќи ги сите свои очекувања од настапот на собирот на најдобрите на Стариот континент.

Но, и двајцата се осврнаа и на враќањето во својата Битола, по интернационалните кариери, како што велат среќни што сега Пелистер е на ова ниво, диктирајќи ритам со уште неколку клубови за подобрување на македонскиот клупски ракомет.

Филип Кузмановски не крие дека е пресеќен и горд што игра во свој град и во свој клуб, верувајќи дека ќе продолжи растот на македонскиот клупски ракомет и секој град во иднина ќе има силен колектив.

„За мене најголемо богатство e тоa, што сум повторно во Битола. На секој играч му посакувам да ја почувствува радоста на настап во својот град. Јас сега доаѓам од Битола и сите знаеме како Пелистер бил порано, клуб со колкава традиција. Но имал и период, кога јас почнував и моите први денови во Пелистер, во какви услови сум тренирал и во каква ситуација беше клубот. Потоа преминав во Металург, но тој почеток во Пелистер ми покажа многу како треба да се борам, колку е тешко навистина за да успееш и да дојдеш до ова ниво да играш. Немавме нормални услови за тренинг – ладна сала, недостаток на топки и такви работа, нотоа низ животот те учи како треба да се бориш за ова досега да го постигнеш“ – вели Кузмановски во „ПРЕСИНГ“ и дополнува:

„Сега, среќен сум што повторно, после пет години во Германија, сега се вратив. Навистина видов и како таму функционираат работите и среќен сум што повторно во Македонија има толку голема конкуренција и што значи посебно Пелистер во Македонија. Клубот како расте секоја година и како се натпреварува во Лигата на шампионите. Се надевам дека од година во година ќе расте и македонскиот ракомет. Посакувам секој град да има јак тим и секој натпревар да биде дерби. И среќен сум, едноставно сум среќен во Битола. Среќен сум со навивачите и со фамилијата. Исполнет сум на секое поле и уживам, уживам во тоа што го правам“.

ЦЕЛИОТ ПОДКАСТ „ПРЕСИНГ“ СО НИКОЛА МИТРЕВСКИ И ФИЛИП КУЗМАНОВСКИ МОЖЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА…

Се вчитува...