Капитенот на шампионската генерација на Германија од мундијалот во 2014 година, Филип Лам, е најсериозен кандидат за нов претседател на Фудбалската федерација на оваа земја. Во претстојниот период актуелниот претседател Рајнхард Гриндел ќе поднесе оставка, а токму 35-годишниот Лам треба да го наследи на најважната позиција во германскиот фудбал.
Лам се откажа од активното играње фудбал во мај 2017 година, а беше амбасадор на кандидатирата на Германија за домаќинство на Европското првенство во 2024 година. Тој по заминувањето во пензија доби отворена понуда да биде нов спортски директор на Баерн Минхен, но ја одби со образложение дека се во клубот зависи само од еден човек, Ули Хенес.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА